Ekipa
05 Октомври 2022•Ажурирај: 06 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) повторно ќе го распоредат својот носач на авиони на нуклеарен погон во водите на Јужна Кореја по лансирањето балистичка ракета од страна на Северна Кореја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Носачот на авиони, УСС „Роналд Реган“, кој го напушти полуостровот по заедничката поморска вежба на САД, Јужна Кореја и Јапонија минатата недела, сега ќе се врати во Источното Море“, објави новинската агенција „Јонхап“, цитирајќи го началникот на Генералштабот на Јужна Кореја.
Ова се случи откако Северна Кореја истрела балистичка ракета со среден дострел (IRBM) која прелета над Јапонија вчера.
Претходно, носачот на авиони, УСС „Роналд Реган“ пристигна во водите на Јужна Кореја на 23 септември за да се приклучи на четиридневните комбинирани вежби на поморските сили на Јужна Кореја и САД кои започнаа на 26 септември.
Сепак, тензиите дополнително се зголемија во регионот откако Северна Кореја истрела балистичка ракета над Јапонија, а како одговор, САД и Јужна Кореја во заеднички вежби, исто така истрелаа четири проектили земја-земја во Источното Море.