Erkan Avci
16 Јули 2016•Ажурирај: 17 Јули 2016
ВАШИНГТОН (AA) - Владата на Соединетите Американски Држави (САД) повика да се поддржи демократски избраната власт во Турција, откако вечерва во оваа земја дојде до обид за покренување на пуч од страна на група на припадници на турските вооружени сили кои се приврзаници на терористичката организација Фетулахџи ПДЈ, јавува Аnadolu Agency (AA).
Во соопштението од Белата куќа е наведено дека американскиот претседател Барак Обама остварил телефонски разговор државниот секретар Џон Кери, во врска со случувањата во Турција.
„Претседателот на САД и државниот секретар се сложија дека сите страни во Турција треба да ја поддржат власта која е избрана по демократски пат и да избегнат секој вид насилство и проливање на крв", се наведува во соопштението
Кери исто така во текот на разговорот нагласи дека неговото министерство ќе продолжи да биде фокусирано на безбедноста на американските државјани во Турција.