Mustafa Keleş
23 Август 2017•Ажурирај: 23 Август 2017
ЊУЈОРК (АП) - Соединетите Американски Држави (САД) планираат да ја замрзнат воената помош за Египет поради тоа што не е постигнат напредок во областа на човековите права и демократијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извор од Белата куќа, американската администрација изразува загриженост поради загрозувањето на човековите права и демократијата во Египет.
Поради тоа, американската администрација наводно планира да донесе нова одлука во врска со испраќањето на годишната воена помош за таа земја.
Според новата одлука, САД нема да исплатат 95,7 милиони долари помош за Каиро, а ќе го одложат испраќањето на 195 милиони долари.
Истиот извор тврди дека на Египет би можела да му биде испратена помош од 195 милиони долари доколку во следниот период постигне напредок во областа на човековите права и демократијата.
САД секоја година на Египет му испраќа околу 1,3 милијарди долари воена помош.