Berk Kutay Gökmen
04 Март 2026•Ажурирај: 04 Март 2026
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера изјави дека повеќе од 9.000 американски државјани „безбедно се вратиле дома од Блискиот Исток“, во услови на ескалација на кризата со Иран, јавува Анадолу.
„Ако сте државјанин на САД на Блискиот Исток и сакате да се вратите дома, ве молиме регистрирајте се во Стејт департментот на Step.State.Gov“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.
„Департментот ќе утврди каде се наоѓате и ќе ви понуди опции за патување. Веќе организираме чартер-летови, бесплатно, како и резервации на комерцијални летови, за кои очекуваме дека ќе станат сè подостапни со текот на времето“, наведе Трамп.
Тензиите во регионот нагло се зголемија откако САД и Израел во саботата започнаа големи напади врз Иран, при што, според ирански извори, убиени се речиси 800 лица, меѓу кои и врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи и високи воени фунционери.
Иран возврати со напади со дронови и ракети насочени кон Израел, како и кон земји од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски бази.
Во меѓувреме, шестмина американски војници се убиени, а неколкумина беа повредени во ирански напад врз тактички оперативен центар во Кувајт, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM).