Michael Gabriel Hernandez
11 Јуни 2020•Ажурирај: 11 Јуни 2020
ВАШИНГТОН
Над половина милион луѓе вчера потпишаа петиција повикувајќи ја администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја назначи Кју Клукс Кан (KKK) за терористичка организација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Петицијата Change.org има собрано над 565.000 потписи.
„ККК силуваше, уби луѓе затоа што се регистрирала да може да гласаат и уништи градови изградени од Афроамериканците. Тие претрпеа најмногу од оваа терористичка група. Тероризмот претставува употреба на насилство и заплашување во остварување на политички цели. Нашето прашање е доколку ДЕАШ е назначена за терористичка организација поради нејзините акти, тогаш со сигурност и ККК може да биде исто опишана.“
Втората петиција на Change.org, исто така, повикувајќи да се назначи ККК за терористичка организација, има над 141.000 потписи.
Сепак, сѐ уште е нејасно како администрацијата на Трамп ќе ги послуша повиците на петициите, претпоставувајќи дека на прво место е отворена за можности.
Федералната влада има само овластување да назначува странски групи како терористички организации, бидејќи не постои статут на домашен тероризам според кој треба да се етикетираат групи со седиште во САД.
Тоа прашање се појави кога претседателот Доналд Трамп минатата недела објави дека сака да ја означи антифашистичката група „Антифа“ како терористичка организација, откако избувна насилство на некои масовни протести против расната неправда, за што Трамп ја обвинува крајно левичарската група.