Fuat Kabakcı
14 Март 2021•Ажурирај: 15 Март 2021
АНКАРА
Во Денвер, главен град на американската сојузна држава Колорадо, откажани се над 2.000 авионски летови поради снежна бура, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Поради интензивната снежна бура, на меѓународниот аеродром во Денвер вчера попладне биле откажани 750, додека денес се откажани околу 1300 авионски летови.
Одделот за транспорт во Колорадо упати предупредување дека висока е можноста оти патиштата ќе бидат затворени поради снегот, упатувајќи апел до граѓаните да избегаат патувања кои не се задолжителни.