Ekipa
28 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
ХАСЕКА/АНКАРА (АА) - МОХАМАД МИСТО -
Американската армија испрати конвој од 170 возила и воени логистички материјали до нафтените полиња окупирани од терористичката организација ЈПГ/ПКК во источна Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот воен конвој кој тргна од северен Ирак, синоќа околу 00:30 часот од граничниот премин Симелка кој е окупиран од страна на ЈПГ/ПКК, влезе во Сирија, и преку градот Камишли стигна до Хасека, оттаму во Деир ез Зор.
Дописникот на Anadolu Agency (AA) соопшти дека во конвојот составен од 170 возила имало 17 оклопни возила и камиони.
Возилата до Деир ез Зор биле придружени со хеликоптери. Во евиденцијата, оваа пратка, по долго време е регистрирана како најголема пратка на САД од Ирак кон Сирија.
Американската администрација минатата недела соопшти дека ќе го зајакне своето воено присуство на нафтените полиња во источна Сирија.
Anadolu Agency исто така објави дека Соединетите Американски Држави (САД) претходниот ден започнале со воено зацврстување во Деир ез Зор и дека испратиле голем број оклопни возила на нафтените полиња, особено во Ал Омар и Румејлан. Според АА, тие, исто така ги утврдиле границите каде што ќе биде воспоставена воената база во регионот Багоз на југоистокот на покраината.
Локацијата на новата база која ќе биде основана, стратешки е важна затоа што е близу до областа Букемал која е под контрола на режимот на Башар ал Асад и странските терористи поддржани од Иран.
Со военото зацврстување во нафтените полиња, САД ќе ја осигуруваат и безбедноста на ЈПГ/ПКК која ги контролира полињата.