Erdal Türkoğlu
24 Декември 2017•Ажурирај: 25 Декември 2017
ХАТАЈ (АА) - Еркал Туркоглу -
Десетици илјади Сиријци, кои од војната во својата татковина избегаа на подрачјето во близина на турско-сириската граница, успеваат да преживеат само благодарение на хуманитарната помош, јавува Anadolu Agency (AA).
Голем број Сиријци избегаа до границата со Турција, каде што живеат во шатори на хуманитарните организации.
Илјадници шатори беа подигнати во Алтиноз, Рејханли и Јајладаги, подрачја во турската област Хатај.
Повеќето од овие кампови немаат снабдување со вода или електрична енергија, а нивните жители преживуваат благодарение на помошта од Турција.
Мухамед Комурџу, кој помага во делењето на помошта, потсети дека поради војната во Сирија, која трае речиси седум години, внатрешно или надворешно се раселени стотици илјади луѓе.
Тој додаде дека внатрешните миграции особено се изразени во Идлиб и во Латакија.
„Луѓето во текот на овие седум дена бегаа кон границата со Хатај бидејќи го сметаа за безбедно подрачје. Поради нападите не можеа да се вратат во своите домови, а секоја година се поставуваат сѐ повеќе шатори“, рече Комурџу.
Тој го издвои примерот на кампот Атме, на границата меѓу Рејханли и Идлиб, потоа местото Деркуш, на границата со Алтиноз, и подрачјето на Хирибтикоз, на границата со Јајладаги.
„Знаеме дека бројот на луѓето кои живеат во и околу 400 кампови во пограничното подрачје ја премина борјката од 700.000“, рече Комурџу.
Тој истакна дека тие луѓе сонуваат за завршувањето на војната и враќањето во своите домови.