Kasım İleri
17 Ноември 2021•Ажурирај: 17 Ноември 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) се загрижени за зголемувањето на тензиите помеѓу Азербејџан и Ерменија, и дека упатиле повик до страните за намалување на напнатоста, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„САД се длабоко загрижени поради извештаите за отворениот интензивен оган меѓу Ерменија и Азербејџан. Ги повикуваме двете страни да преземат итни, конкретни чекори за намалување на тензиите и спречување на понатамошна ескалација.“
Американскиот државен секретар Блинкен, исто така, наведе дека ги повикале страните директно и конструктивно да се ангажираат за решавање на сите важни прашања, вклучително и демаркацијата на границата.
Алудирајќи на изјавата дадена од копретседавачите на групата Минск на 15 ноември, Блинкен рече: „По неодамнешната ескалација на тензиите меѓу Ерменија и Азербејџан, ја нагласуваме потребата сите проблеми кои произлегуваат од конфликтот во Нагорно-Карабах да се решаваат со преговарање, сеопфатно и на одржлив начин.“