свет

САД: Двајца загинати во вооружен напад во трговски центар

Вооружен маж отворил оган во „Бојси Тауни“, најголемиот трговски центар во сојузната држава Ајдахо, при што загинале две лица

Esin Eşkinat Sayılgan  | 26.10.2021 - Обновена : 26.10.2021
САД: Двајца загинати во вооружен напад во трговски центар

New York

ЊУЈОРК (АА) - Во вооружен напад во трговски центар во американската сојузна држава Ајдахо загинаа две лица, а повредени се четири лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

На прес-конференција одржана од страна на полициската управа на градот Бојси, се наведува дека вооружен маж во 01:50 часот по локално време отворил оган во „Бојси Тауни“, најголемиот трговски центар во државата, при што загинале две, а повредени биле четири лица, од кои едно лице било полицаец.

Во врска со настанот приведено е едно лице.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın