Nuri Aydın
02 Март 2021•Ажурирај: 02 Март 2021
МАСКОГИ
Двајца 17-годишни тинејџери загинаа во судир со полицијата во областа Маскоги во Оклахома, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според изјавата дадена од полицијата, екипите излегле на лице место по дојава за кражба на еден камион.
Младите со украдениот камион бегале од полицијата која започнала да ги следи. По некое време, младите со камионот направиле сообраќајна несреќа.
Девојче на возраст од 17 години починало откако полицијата одговорила на огнот на крадците кои избегале од возилото.
Другото момче кое избегало од местото на настанот се застрелало во шумската област каде што се криело.
Покрената е истрага за инцидентот.