Betül Yürük
02 Декември 2019•Ажурирај: 02 Декември 2019
ОБЕТИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) го презедоа претседавањето во декември на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), јавува Агенција Анадолија (АА).
САД кои се една од постојаните членки на СБОН кои имаат право на вето, од Велика Британија го презедоа претседавањето во декември на СБОН која брои 15 членки.
Кели Крафт, постојана претставничка на САД во ОН, во изјава за медиумите истакна дека претставниците на земјите членки на СБОН на 5 декември на ручек во Белата Куќа ќе се состанат со претседателот на САД, Доналд Трамп.
СБОН на 13 декември на покана на Крафт ќе реализираат и посета на американската сојузна држава Кентаки.
Во рамки на претседавањето на САД, се очекува на СБОН да разговара и за нуклеарната програма на Иран.