свет

САД го осудија убивањето цивили во Судан

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на САД, Морган Ортагус, го осуди убивањето на цивилите во Судан од страна на безбедносните сили, и упати апел...

Safvan Allahverdi  | 06.06.2019 - Обновена : 06.06.2019
САД го осудија убивањето цивили во Судан

ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролката на Министерството за надворешни работи на САД, Морган Ортагус, го осуди убивањето на цивилите во Судан од страна на безбедносните сили, и упати апел администрацијата на Судан да се предаде на цивилната волја, пренесува Anadolu Agency (AA).

Oртагус објави писмено соопштение во врска со насилните настани и политичкиот процес во Судан.

„САД ги осудуваат нападите врз цивилите во Судан. Упатуваме сочувство до сите жртви и нивните семејства кои ги загубија нивните сакани“, рече Ортагус.

Таа нагласи дека администрацијата на земјата треба да се предаде на цивилната волја.

„Го повикуваме Привремениот воен совет во Судан, како и Силите за брза поддршка, да отстапат од насилство. Во однос на цивилната политичка транзиција која ќе овозможи суданскиот народ слободно да се изрази себеси, сакаме повторно да се стапи во контакт со Силите на слобода и промена, а ја поддржуваме и Декларацијата од 30 април на Советот за мир и безбедност при Африканската Унија“, нагласи Oртагус.

Oртагус рече дека го поздравуваат апелот на Африканската Унија, Египет и Саудиска Арабија, за дијалог во врска со настаните во Судан, и додаде дека САД се во блиска солидарност со суданскиот народ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.