Betül Yürük
06 Февруари 2022•Ажурирај: 07 Февруари 2022
ЊУЈОРК (АА) - Американските воени и разузнавачки претставници тврдат дека во случај на руска инвазија на Украина би загинале 50.000 луѓе, а околу пет милиони би добиле статус на бегалци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Американските воени и разузнавачки претставници го информирале Конгресот и европските партнери за украинско-руската криза, пренесоа американските медиуми.
Наведувајќи дека Русија е при крај со подготовките за инвазија на Украина од големи размери, претставниците предупредија дека во случај да дојде до тоа, 50.000 луѓе би можеле да загинат, а пет милиони да добијат статус на бегалци.
Тие исто така проценуваат дека Владата во Киев ќе падне во рок од два дена и наведуваат дека на украинската граница се наоѓаат 83 руски баталјони, од кои секој има околу 750 војници.