свет

САД: Во пад на хеликоптер животот го загубија 4 лица

- Во соопштението на Федералната управа за воздухопловство (FAA) се наведува дека хеликоптер од типот „Robinson R66“ во 13:15 часот паднал на подрачјето Колуса, северно од Сакраменто.

Büşra Selvi Öğütcen  | 02.08.2021 - Обновена : 06.08.2021
САД: Во пад на хеликоптер животот го загубија 4 лица

КОЛУСА

Четири лица загинаа во пад на хеликоптер во местото Колуса во американската сојузна држава Калифорнија, известува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Федералната управа за воздухопловство (FAA) се наведува дека хеликоптер од типот „Robinson R66“ во 13:15 часот паднал на подрачјето Колуса, северно од Сакраменто.

Животот го загубија 4 лица што се наоѓале во хеликоптерот.

Канцеларијата на шерифот на Колуса за локалната телевизија KXTV соопшти дека на местото на несреќата животот го загубиле 4 лица, без да го објави нивниот идентитет.

Истрагата за несреќата ќе ја водат Федералната управа за воздухопловство (FAA) и Националната агенција за безбедност во сообраќајот.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın