İslam Doğru
11 Декември 2019•Ажурирај: 11 Декември 2019
ЊУЈОРК (АА) - Шест лица, меѓу кои и еден полицаец, го загубија својот живот во вооружениот судир што се случи во Џерси Сити, кој се наоѓа во американската сојузна држава Њу Џерси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Градоначалникот на Џерси Сити, Стивен Фулоп, во соопштението објавено на Твитер нагласи дека во судирот загинал еден полиаец, додека тројца полицајци се повредени.
Анонимни извори за локалните медиуми истакнаа дека судирот настанал во рамки на истрага за убиство, и дека осомничените избегале кон малите дуќани наречени „bodega“ од каде што отвориле оган врз полицијата.
Според информациите до кои дојде новинарот на АА од полициски службеник кој сакаше да остане анонимен, судирот настанал како резултат на проблемот што се случил при купопродажба на наркотици, во која биле вклучени и наркотимови.
Во судирот загинаа 6 лица, од кои еден полицаец, двајца осомничени и тројца цивили.
Судирот траеше околу еден час, додека безбедносните сили преку социјалните мрежи упатија предупредување до граѓаните да не се приближуваат до местото на судирот.
„Бев информиран за страшниот судир во Џерси Сити. Во овие тешки и трагични моменти нашите молитви се со жртвите и нивните семејства“, напиша на Твитер Доналд Трамп, претседателот на САД.