Servet Günerigök
27 Октомври 2022•Ажурирај: 27 Октомври 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека Русија може да има улога во давањето инструкции на иранските власти како да се справат со тековните протести во Иран, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Загрижени сме дека Москва можеби го советува Техеран за најдобрите практики за справување со протестите“, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер на прес-конференција.
Таа истакна дека Русија има „огромно искуство во сузбивање на демонстрации“.
Жан-Пјер мислеше на демонстрациите во Иран поттикнати од смртта на Махса Амини, која почина додека беше во полициски притвор, и на насилниот одговор од властите.
Таа рече дека колку повеќе Русија и Иран се зближуваат, толку повеќе стануваат изолирани.
„Доказите дека Иран ѝ помага на Русија за уште поголемо разгорување на војната против Украина се јасни и се јавни“, рече таа. „Нашата порака до Иран е многу, многу јасна. Престанете да го убивате вашиот народ и престанете да испраќате оружје во Русија за да ги убивате Украинците.“