Ahmet Dursun
27 Октомври 2022•Ажурирај: 28 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Иран почна со изградба на нов нуклеарен реактор за истражувачки цели од 10 мегавати во покраината Исфахан, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Според веста на Иранската официјална новинска агенција ИРНА, церемонијата за почетокот на изградбата на нуклеарниот реактор се одржа во Исфахан со учество и на шефот на иранската Агенција за атомска енергија, Мухамед Ислами.
Во веста се вели дека овој реактор од 10 мегавати користи 20 отсто збогатено нуклеарно гориво.
Се истакнува дека реакторот ќе биде употребен за тестирање на нуклеарните горива, производство на медицински и индустриски радио-изотопи, како и за истражување на неутронските зраци.
Според соопштеното, нуклеарниот реактор за истражување ќе биде во состав на Центарот за нуклеарна технологија во Исфахан, кој е еден од најголемите нуклеарни објекти во земјата.