Mücahit Oktay
17 Февруари 2021•Ажурирај: 17 Февруари 2021
ЊУЈОРК (АА) - Деведесетгодишната Френ Голдман, која живее во подрачјето на американскиот град Сиетл, истакна дека и покрај снежните врнежи кои го блокирале патот пешачела околу 10 километри со цел да стигне на закажаниот термин за вакцинација против Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи за локалната телевизија, која има договор со американскиот канал „Фокс“, Голдман истакна дека со недели вложувала напори за да добие термин за вакцинација.
Таа истакна дека решила да оди пеш затоа што знаела дека не е во можност да оди во болницата со автомобил поради снежните врнежи кои достигнале повеќе од 30 сантиметри.
- Претходниот ден направив пробна прошетка -
Наведувајќи дека пешачи секој ден и покрај напредната возраст, Френ Голдман рече дека еден ден претходно направила пробно пешачење за да се осигура.
Таа истакна дека следниот ден во болница отишла пеш. „Ја примив вакцината и ми рекоа да останам таму 15 минути да видат дали ќе има некоја реакција. Се надевам за да ја примам втората доза ќе одам со возило, секако доколку временските услови го дозволат тоа. Ако немам друг избор повторно ќе пешачам.“