Beyza Binnur Dönmez
11 Март 2021•Ажурирај: 12 Март 2021
АНКАРА
Триесет и деветгодишна жена од американската сојузна држава Јута почина четири дена откако ја примила втората доза од вакцината против Ковид-19 на „Модерна“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Касиди Курил, која е самохрана мајка, ја примила втората доза на 1 февруари и починала на 5 февруари“, објави локалниот радиодифузер „2Њуз“.
Додека се чекаат резултатите од нејзината аутопсија, семејството на Курил за новинскиот канал изјави дека таа немала познати здравствени проблеми.
Нејзината состојба започнала да се влошува еден ден откако ја примила дозата на вакцината, а три дена подоцна отишла во локалната болница.
„Тие направија анализи на крвта и веднаш потоа соопштија дека е многу болна и дека нејзиниот црн дроб не е во функција“, изјави нејзиниот татко за новинскиот канал.
Курил била префрлена во Трауматолошкиот центар во градот Мурај за да ѝ извршат трансплатација на црниот дроб, но нејзината состојба се влошила, по што таа починала во петокот изутрина.
Системот на пријавување на несакани дејства од вакцини (VAERS) на Центарот за контрола и превенција на болести на САД (CDC), соопшти дека несаканите ефекти од вакцината се чести, но дека смртните случаи се ретки.
Вакцината против Ковид-19 во САД ја примија повеќе од 92 милиони лица, а од ВАЕРС се пријавени само 1.637 смртни случаи меѓу лицата кои ја примиле дозата од вакцината.