Saadet Firdevs Aparı
24 Декември 2021•Ажурирај: 25 Декември 2021
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Во американскиот град Лос Анџелес, 14-годишно девојче го загуби животот во соблекувална на продавница за облека од полициски куршум, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Откако еден маж почнал да се однесува чудно и нападнал жена со ланец за велосипед во преполната стоковна куќа во градот Кентаки, на местото на нападот била повикана полиција.
Полициски претставници соопштија дека по пријавата за нападот се упатиле во продавницата, а полицајците, пукајќи, го убиле напаѓачот.
Надлежните информираа дека за време на настанот, еден од куршумите го пробил ѕидот на една од соблекувалните, а откако ја забележале дупката, зад параванот мртво е пронајдено едно девојче.
Јавниот обвинител Роб Бонта изјави дека Министерството за правда на Калифорнија го истражува нападот.
Жената која била нападната во настанот е пренесена во болница и нејзината состојба не е сериозна.
Полицијата не ги соопшти идентитетот на починатата девојка и на осомничениот, ниту на жената која била нападната.