Emre Aytekin
17 Октомври 2018•Ажурирај: 18 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Во текот на пристигнувањето на министерот за надворешни работи на САД, Мајк Помпео, во саудискиот главен град, Ријад, админстрацијата на Саудиска Арабија која поминува низ тешки денови поради реакциите за случајот на исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги, на САД им трансферираше 100 милиони долари, со цел да ги користат во подрачјата во Сирија окупирани од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на весникот „Њујорк тајмс“ („New York Times“), во текот на вчерашната посета на Помпео во Саудиска Арабија, администрацијата на Ријад на банкарските сметки на американската Влада префрли 100 милиони долари кои претходно ги вети, со цел да бидат користени во подрачјата во Сирија ослободени од терористичката организација ДЕАШ.
Иако администрацијата на Трамп веќе долго време ја бара оваа финансиска поддршка, вниманието го привлече тоа што трансферот на парите беше извршен во текот на посетата на Помпео на Саудиска Арабија, која е во врска со исчезнувањето на Џамал Кашоги од Саудискиот конзулат во Истанбул.
Според веста на „Њујорк тајмс“, претставник од админстрацијата на САД што ја води политиката околу Сирија кој сакаше да остане анонимен, рече дека тајмингот во овој случај не е случаен.
Во веста се наведува и изјавата на Брет Мекгурк, специјалниот претставник на Трамп за борба против ДЕАШ, кој ги негираше тврдењата дека трансферот на парите е поврзан со посетата на Помпео.
Според Мекгурк, саудиските власти во август ја ветиле оваа помош. Тој тврди дека трансферот на парите е планиран да се изврши наесен.
Саудискиот државен министер, Самир ес Себхан, во октомври 2017 година заедно со американските претставници го посети подрачјето на Ајн Иса во Рака, која е под окупација на ЈПГ/ПКК, како и некои села.
По оваа посета, администрацијата на Ријад понуди помош од 100 милиони долари за повторна изградба на Рака која скоро целосно беше уништена во нападите на САД и ЈПГ/ПКК за време на операцијата против ДЕАШ.
ЈПГ/ПКК во Рака, чија контрола ја презеде во октомври 2017 година со поддршка на САД, спроведува притисок и терор, како и во другите подрачја што се под нејзина окупација.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК не им ги враќа на цивилите куќите што ги запленила, и на цивилите не им нуди ниту една услуга во градот.
Цивилите со свои можности се обидуваат да ги обноват своите срушени куќи.