Almir Terzic
26 Февруари 2022•Ажурирај: 27 Февруари 2022
САРАЕВО (АА) - На санкциите кон рускиот претседател Владимир Путин и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров се приклучи и Канада, известува Агенција Анадолија (АА).
Канада во исто време го поддржува исклучувањето на Русија од финансискиот систем SWIFT.
Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, изјави дека односите меѓу Москва и Западот се приближуваат до точка од која нема враќање.
Критикувајќи ги санкциите на западните земји воведени кон претседателот на Русија, Владимир Путин, и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, Захарова го нарече овој потег потполн доказ за немоќ на западната надворешна политика.
„Факт е дека сме близу до границата од која започнува точката од која нема враќање“, изјави Захарова.