Mustafa Deveci
29 Август 2022•Ажурирај: 31 Август 2022
СЛАВЈАНСК (АА) - При напад на руските сили врз градот Славјанск во областа Доњецк во источна Украина избувна пожар во една куќа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде дописникот на АА од властите во регионот, руските сили извршиле ракетен напад врз центарот на Славјанск.
Нема информации за жртви или повредени во нападот.
Очевидци соопштија дека руските сили истрелале најмалку две ракети, едната погодила куќа во центарот на градот, а другата ја погодила главната улица.
Пожарникарите го изгаснаа пожарот во куќата што била погодена од ракета.
Како резултат на нападот, оштетени се неколку возила, куќи и продавници во околината.
Доњецк е еден од регионите каде се интензивираа конфликтите во војната меѓу Русија и Украина.
Се нагласува дека во последните денови се зголемени нападите на руските сили врз Славјанск, кој се наоѓа во регионот блиску до линијата на фронтот.
Исто така и вчера, област во центарот на градот Славјанск беше погодена од руските сили, при што беа предизвикани штети на куќи и продавници во околината.