свет

Рускиот новинар Муратов својата Нобелова награда ја продаде за 103,5 милиони долари за децата бегалци од Украина

„Очекував голема солидарност, но не очекував толку голема бројка“

Nuri Aydın  | 21.06.2022 - Обновена : 21.06.2022
Рускиот новинар Муратов својата Нобелова награда ја продаде за 103,5 милиони долари за децата бегалци од Украина

ЊУЈОРК (АА) - Рускиот новинар Дмитриј Муратов, награден со Нобеловата награда за мир за 2021 година, ја продаде својата награда за 103,5 милиони долари во корист на децата бегалци од Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Аукциската куќа „Херитиџ аукшнс“ вчера во Њујорк ја стави на продажба Нобеловата награда на Муратов.

Нобеловата награда за мир за 2021 година, која рускиот новинар Муратов ја стави на продажба во корист на украинските деца, најде купувач за 103,5 милиони долари.

Тој во изјава по продажбата на наградата рече: „Очекував голема солидарност, но не очекував толку голема бројка.“

Се нагласува дека средствата од наградата ќе бидат искористени за децата бегалци од Украина преку Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ).

Нобеловата награда на рускиот новинар, која е продадена за 103,5 милиони долари, го собори рекордот, надминувајќи ја наградата на Џејмс Вотсон, која беше продадена за 4,74 милиони долари во 2014 година.

Аукциската куќа „Херитиџ аукшнс“ не ги откри деталите за купувачот.

Муратов беше еден од основачите на рускиот весник „Новаја Газета“ во 1993 година.

„Новаја газета денес е најнезависниот весник во Русија и е суштински критичен кон Владата“, соопшти комитетот на Нобеловата награда.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.