Ekipa
04 Август 2017•Ажурирај: 05 Август 2017
МОСКВА (АА) - Девет лица се водат за исчезнати откако во денес се случи поплава во рудник за дијаманти во Русија, соопшти компанијата која управува со рудникот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Водата навлезе во рудникот Мир во Сибир кога во јамата имаше 142 рудари“, се вели во соопштението на државната компанија „Алроса“.
Руските власти соопштија дека 133 лица се евакуирани, а спасувачките екипи се во потрага по девет исчезнати лица.
Причините за поплавувањето на рудникот се непознати, но покрената е истрага.
„Мир“ е еден од најголемите рудници со резерви на дијаманти.
Локалните медиуми минатата недела објавија дека рударите забележале високо ниво на подземни води и дека компанијата поставила дополнителни пумпи за да се исфрла водата од јамата.