Burç Eruygur
13 Октомври 2024•Ажурирај: 14 Октомври 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Русија денес соопшти дека ја презела контролата врз уште едно населено место во источниот украински регион Доњецк, пренесува Анадолу.
Според соопштението на руското Министерство за одбрана, руските сили го зазеле селото Михаиливка, кое се наоѓа на речиси 20 километри југоисточно од градот Покровск, главен фронт во тековната офанзива на Москва во источниот регион Доњецк.
Русија последниве месеци тврди дека постигнала голем напредок продолжувајќи ја својата офанзива во Доњецк, каде подрачјето на првата линија околу Покровск бележи зголемена активност.
Градот е клучен логистички центар за украинската армија во Доњецката Област, кој граничи со Русија.
Украинските власти сè уште не ги коментираа тврдењата на Русија, а независната проверка на тврдењата е тешка поради тековната војна.