Burç Eruygur
31 Мај 2023•Ажурирај: 01 Јуни 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Русија денес соопшти дека го уништила последниот украински воен брод во пристаништето во Одеса по нападот на руските воздухопловни сили, пренесува Анадолу.
„На 29 мај, во напад со високопрецизно оружје на руските воздухопловни сили во пристаништето Одеса, беше уништен последниот воен брод на украинските поморски сили ‘Јуриј Олефиренко’“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Досега нема реакција за тврдењата од украинските власти.