свет

Русија спречи планиран терористички напад на синагога во Москва

„ФСБ спречи криминална акција на граѓанин роден во 2002 година со потекло од Централна Азија, кој планирал да изврши терористички напад додека граѓаните се собирале во синагога во Москва“

Esra Tekin  | 12.04.2024 - Обновена : 13.04.2024
Русија спречи планиран терористички напад на синагога во Москва

МОСКВА/ИСТАНБУЛ (АА) – Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) вчера објави дека спречила планиран терористички напад врз синагога во Москва, јавува Анадолу.

„ФСБ спречи криминална акција на граѓанин роден во 2002 година со потекло од Централна Азија, кој планирал да изврши терористички напад додека граѓаните се собирале во синагога во Москва“, се вели во соопштението за медиумите.

Се додава дека ова лице извршило извидување на синагогата и купило материјал за бомба.

„При приведувањето на 10 април терористот им пружи вооружен отпор на офицерите на ФСБ и како резултат на тоа беше неутрализиран со возвратен оган“, се вели во соопштението.

Најмалку 144 лица загинаа, а повеќе од 550 беа ранети кога вооружени напаѓачи отворија оган на 22 март во концертната сала Крокус во Краснофорск во Московската Област.

Русија обвини четворица осомничени за директно учество во нападот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.