Dmitri Chirciu
29 Октомври 2019•Ажурирај: 30 Октомври 2019
ЕРЕВАН (АА) - Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, истакна дека повлекувањето на терористичката организација ЈПГ/ПКК од безбедносната зона во североисточниот дел на Сирија е извршено пред утврдениот датум, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамки на неговите средби во Ереван, главниот град на Ерменија, даде изјава во врска со состојбата во североисточниот дел на Сирија.
Тој нагласи дека терористичката организација ЈПГ/ПКК се повлекла од безбедносната зона во североисточниот дел на Сирија.
„Повлекувањето на вооружените елементи од зоната каде што треба да се формира безбедносен коридор, е извршено пред утврдениот датум. Елементите на руската воена полиција и сириската гранична гарда влегоа тука“, додаде тој.