свет

Русија прогласи 14 бугарски дипломати за персона нон грата

Бугарија на 28 јуни прогласи 70 руски дипломати за персона нон грата, принудувајќи ја руската амбасадорка Елеонора Митрофанова да го покрене прашањето за затворање на Амбасадата

Mustafa Talha Öztürk  | 05.08.2022 - Обновена : 08.08.2022
Русија прогласи 14 бугарски дипломати за персона нон грата

БЕЛГРАД (АА) - Русија денеска прогласи 14 вработени во Бугарскиот конзулат и Амбасада за персона нон грата како одговор на одлуката на Софија да го протера рускиот дипломатски персонал, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Амбасадорот на Бугарија во Москва, Атанас Кристин, беше повикан во руското Министерство за надворешни работи и му беше врачена протестна нота поради неприфатливата одлука на бугарските власти да протераат 70 руски дипломати“, се вели во соопштението на Министерството.

„Како одговор на чекорите преземени од бугарската Влада за намалување на бројот на претставници на руската дипломатска мисија, на амбасадорот Кристин му беше врачена нота дека 14 бугарски службеници во Русија се прогласени за персона нон грата“, се вели во соопштението.

Бугарија на 28 јуни прогласи 70 руски дипломати за персона нон грата, принудувајќи ја руската амбасадорка Елеонора Митрофанова да го покрене прашањето за затворање на Амбасадата.

Во моментов работата на сите руски дипломатски претставништва во Бугарија е суспендирана.

Многу европски земји протераа руски дипломати откако Москва испрати војници во Украина на 24 февруари, а Русија одговори на ист начин.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.