свет

Русија предупредува на можност од војна по нападите врз саудиската нафтена компанија

„Заканата од воено сценарио со сигурност постои. Но се надевам на мирно решение“, изјави Наришкин

Elena Teslova  | 17.09.2019 - Обновена : 18.09.2019
Русија предупредува на можност од војна по нападите врз саудиската нафтена компанија

МОСКВА (АА) - Шефот на руската разузнавачка служба, Сергеј Наришкин, денеска предупреди на можност од војна по нападите со беспилотни летала врз два објекти на државната нафтена компанија на Саудиска Арабија, „Арамко“ (Aramco), јавува Anadolu Agency (AA).

„Заканата од воено сценарио со сигурност постои. Но се надевам на мирно решение“, изјави Наришкин за новинарите во Москва.

Во саботата беа извршени напади со беспилотни леталa врз два нафтени објекти на „Арамко“.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео по инцидентот изјави дека зад нападот стои Иран, кој ги координирал беспилотните летала. Американските медиуми објавија дека опциите за војна биле дискутирани во Белата куќа.

Хусите во Јемен вчера ја презедоа одговорноста за нападот и ги предупредија странските компании и работниците да не се доближуваат до објектите на компанијата кои можат повторно да бидат цел.

Во одделна изјава, портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, рече дека Москва го испитува можното влијание на инцидентот на пазарот на нафта, и на меѓународната безбедност.

„Засега нема доверливи информации, затоа е потребно време за анализа“, рече Песков.

Од 2015 година, коалицијата предводена од Саудиска Африка се бори против бунтовниците Хуси во Јемен, поддржани од Иран. Илјадници Јеменци се убиени, а земјата е доведена до работ на глад.

Во текот на изминатите месеци, Хусите, чии балистички ракети со среден и долг дострел обично се пресретнувани од саудиските системи за противвоздушна одбрана, имаа за цел одредени стратешки делови на Саудиска Арабија со вооружени беспилотни летала.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.