свет

Русија: Почина уште една жртва од нападот во Москва

„За жал, една од жртвите, која претходно беше во исклучително тешка состојба, почина. Лекарите направија сѐ што беше можно

Burç Eruygur  | 27.03.2024 - Обновена : 28.03.2024
Русија: Почина уште една жртва од нападот во Москва

ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на загинати во минатонеделниот напад во концертната сала во руската Московска Област се зголеми на 140, додека бројот на повредени изнесува 360, објавија денес локалните власти, јавува Анадолу.

„За жал, една од жртвите, која претходно беше во исклучително тешка состојба, почина. Лекарите направија сѐ што беше можно“, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко за новинарите во Москва.

Претходно бројот на загинати во нападот на концертната сала беше 139.

Министерството за здравство за државните медиуми соопшти дека бројот на повредени е зголемен на 360.

Тој додаде дека 92 жртви се хоспитализирани, 63 лица веќе се отпуштени од болниците, а амбулантна нега им е укажана на 205 повредени.

Во петокот вооружени напаѓачи отворија оган во концертната сала Крокус во Красногорск, во Московската Област.

Истражниот комитет објави дека приведени се 11 лица, меѓу кои четворица сторители, во пограничниот регион Брајанск, кои наводно биле на пат за Украина.

Тие се обвинети за тероризам, а им е одредена мерка истражен притвор до 22 мај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.