Dmitri Chirciu
12 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
САНКТ ПЕТЕРБУРГ (АА) – Пет лица го загубија животот во пожар настанат во болница во која се лекуваа пациенти со новиот вид коронавирус, Ковид-19, во рускиот град Санкт Петербург, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според руската новинска агенција ТАСС, пожарот избувнал на 6. кат на болницата „Свети Ѓорѓи“ во Санкт Петербург.
Во пожарот загинаа 5 лица кои биле поврзани за апарат за дишење.
Се наведува дека од болницата се евакуирани 150 лица, а пожарот е ставен под контрола.
Исто така соопштено е дека започнала истрага во врска со пожарот. Според првичните утврдувања, се наведува дека пожарот го предизвикал дефект на апарат за дишење.
Пред два дена, во пожар во домот за старци во градот Красногорск, во Русија, загинаа 9 лица.
Минатата недела едно лице загина во пожар во болница за пациенти со Ковид-19 во главниот град Москва.