Emre Gürkan Abay
06 Февруари 2023•Ажурирај: 07 Февруари 2023
МОСКВА - Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека два авиони од типот Илјушин Ил-76 и тим за потрага и спасување од 100 луѓе се подготвени да тргната за Туркије, која ја потресе разорен земјотрес, известува Анадолу.
Во соопштението на министерството се наведува дека по налог на рускиот министер за вонредни ситуации Александар Куренков, тим за потрага и спасување од 100 луѓе е подготвен да тргне во Турција.
Се додава дека за таа цел се подготвени два авони од типот Илјушин Ил-76.
„Министерството за вонредни ситуации на Русија е секогаш подготвено да ѝ помогне на пријателска земја чии граѓани се нашле во тешка состојба“, изјави Куренков.
- Разорен земјотрес ги потресе Туркије и Сирија
„Најмалку 284 лица загинаа, а 2.323 се повредени во земјотресот со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала што рано наутро ја потресе јужна Туркије“, изјави потпретседателот на Туркије Фуат Октај.
Потпретседателот Октај на конференцијата за медиумите информираше дека се срушиле вкупно 1.710 згради.
Управата за вонредни состојби на Туркије (АФАД) објави дека интензитетот на земјотресот изнесувал 7,4 степени според Рихтер, со епицентар во местото Пазарџик, а потресот се случил во 4:17 часот наутро. По разорниот земјотрес уследиле 42 дополнителни потреси, од кои најсилниот изнесувал 6,6 степени по Рихтер.
Турските области Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатја, Османие, Хатај и Килис се исто така тешко погодени од разорниот земјотрес.
Земјотресот се почуствувал и во соседна Сирија, каде животот го загубиле најмалку 427 лица, а на стотици се повредени. Земјотресот е почувствуван и во Ирак, Либија, Египет и други региони.