Dmitri Chirciu
23 Јули 2019•Ажурирај: 24 Јули 2019
МОСКВА
Русија го негираше тврдењето на Јужна Кореја дека руски воен авион го прекршил нејзиниот воздушен простор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писмената изјава од руското Министерство за одбрана се истакнува дека двата руски борбени авиони од типот „Tu-95“ летале во неутрален регион на Јапонското Море.
„Руските авиони летаат во рамките на меѓународните правила“, се вели во соопштението и се додава: „Авионите летаа според меѓународните правила, плански, без да влезат во воздушниот простор на Јужна Кореја. Јужнокорејските воени авиони „Ф-16“ ги загрозуваат руските авиони со нивните маневри. Не беше отворен предупредувачки оган врз нашите авиони.“
Јужна Кореја објави дека истрелала предупредувачки оган кон руски борбен авион, кој влегол во воздушниот простор на земјата.