Ebru Şengül Cevrioğlu
21 Април 2020•Ажурирај: 21 Април 2020
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Претседателството на Русија, Дмитриј Песков, на прес-конференција во Москва истакна дека е сигурен во однос на можноста на Русија да го ублажи влијанието од падот на цената на нафтата врз руската економија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Русија ги има потребните резерви за да го намали ефектот од падот на цената на нафтата врз економијата“, рече тој.
Песков пред новинарите изјави дека падот на суровата нафта на Вест Тексас Интермедиејт (WTI) на минус 37,60 долари е целосно поврзан со договорот од претходниот месец за месецот мај, наспроти тековната динамика на цената на нафтата.
Суровата нафта на ВТИ падна вчера во негатива за првпат во историјата. Цената на ВТИ според договорот кој истекува во вторник, падна на дури -37,63 долари со пад од над -290 отсто, што укажува дека огромните залихи наспроти ниската побарувачка ги принудуваат добавувачите да им плаќаат на купувачите за да се ослободат од своите залихи.
Суровата нафта „Брент“ денес е под прагот од 20 долари за барел. Падна на дури 18,02 долари за барел, со што го одбележа најниското ниво од февруари 2002 година, во 09:35 часот (GMT) за 29,27 отсто дневна загуба откако синоќа се спушти на 25,48 долари за барел.
Песков вели дека цените на глобалниот пазар на нафта не се „екстремно негативни“.
„Нема потреба да се напише катастрофално сценарио за ситуацијата. Иако цените на нафтата немаат позитивен тренд, нема колапс на цените“, рече тој.
Според Песков, земјите од ОПЕК кои произведуваат нафта, предводени од Саудиска Арабија, и земјите на ОПЕК кои не се прозводители на нафта, предводени од Русија, можно е да разговараат за договорот за производство кога ќе се појави потреба за тоа.