Islam Doğru
21 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
ВАШИНГТОН
Пандемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во последните 24 часа во САД одзеде 1.684 животи, вкупно 42.374 досега, јавува Агенција Анадолија (АА).
Соединетите американски држави кои се новиот епицентар на пандемијата на Ковид-19, продолжува да земја со најголем број заразени лица и најголем број на смртни случаи во светот.
Според податоците што ги објави Универзитетот Џонс Хопкинс, во последните 24 часа во САД се детектирани 28.174 лица новозаразени од Ковид-19, со што вкупната бројка на лица позитивни на тестот на новиот типа на коронавирусот во оваа земја изнесува 787.960. Во последните 24 часа починаа 1.684 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи во САД се зголеми на 42.374.
По САД најголем број на детектирани лица позитивни на Ковид-19 има во Шпанија 204.178. Следат Италија со 181.228 и Франција со 156.493.
- Њујорк е епицентар на пандемијата
Епицентар на пандемијата во САД и област со најголем број на смртни случаи е сојузна држава Њујорк, по која следат Њу Џерси и Масачусетс.
Во САД кои имаат популација од приближно 330 милиони жители, досега се изработени повеќе од 4 милиони и 26 илјади тестови на Ковид-19, а 73.527 лица оздравиле.
Во болниците низ САД се лекуваат приближно 118.000 заразени од Ковид-19.