Elena Teslova
03 Ноември 2022•Ажурирај: 07 Ноември 2022
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека денеска била реализирана нова размена на воени заробеници со Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„На 3 ноември, како резултат на преговарачкиот процес, 107 руски војници кои беа во смртна опасност во заробеништво се вратени од територијата контролирана од режимот во Киев“, истакна Министерството преку соопштение.
Се додава дека војниците ќе бидат пренесени во Москва со воени транспортни авиони, каде што ќе бидат на лекување и рехабилитација во медицинските установи на Министерството за одбрана.
„На сите оние кои се ослободени им е укажана потребната медицинска и психолошка помош“, нагласи руското Министерство.