Elena Teslova
15 Февруари 2020•Ажурирај: 17 Февруари 2020
МОСКВА (AA) – Федералната служба за безбедност (FSB) на Русија соопшти дека во Азовското Море задржала пловило со четворица украински државјани, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„По инспекцијата, откриено е дека посадата ги нема неопходната идентификација и дозволи за риболов во тоа подрачје“, се наведува во соопштението.
„Капетанот на бродот не го исполни законскиот услов на граничната патрола да запре и се обиде да избега“, наведуваат од Федералната служба за безбедност на Русија и додаваат дека се пронајдени повеќе од 290 фатени калкани, како и илегална рибарска мрежа.
Пловилото и посадата се испратени до пристаништето „Керч“, каде што истрагата ќе биде продолжена.