Ali Cura
04 Мај 2022•Ажурирај: 05 Мај 2022
МОСКВА (АА) - Русија донесе одлука да санкционира 63 јапонски високи функционери, меѓу кои и јапонскиот премиер Кишида Фумио, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се нагласува дека јапонската Влада започнала невидена антируска кампања со „неприфатлива реторика“ против Русија, вклучувајќи клевети и директни закани.
Се наведува дека тоа го повториле и познати личности, експерти и претставници на медиумите на Јапонија и дека Токио презема чекори за уништување на добрососедските односи и нанесување штета на руската економија и на меѓународниот престиж на Русија.
Меѓу другото, се додава дека како одговор на одлуките за санкции донесени од страна на јапонската Влада против руските државјани, и тие вовеле санкции за 63 јапонски државјани, меѓу кои и јапонскиот премиер Кишида Фумио, членови и заменици на Владата.
Во рамките на санкциите се подвлекува дека на 63 јапонски државјани им е забранет влез во Русија.
Списокот на јапонски функционери објавен е на крајот од соопштението.