Elena Teslova
25 Септември 2023•Ажурирај: 26 Септември 2023
МОСКВА (АА) - Русија денес го свика бугарскиот амбасадор Атанас Крастин поради протерувањето на тројца руски свештеници од Софија, јавува Анадолу.
„На 25 септември бугарскиот амбасадор Атанас Крастин беше повикан во руското Министерство за надворешни работи и му беше упатен силен протест во врска со протерувањето од Бугарија под неверодостоен изговор, на богохулен и навредлив начин, на челникот и двајцата служители на Руската православна црква во Софија“, се вели во соопштението на Министерството.
„Уште еден провокативен потег на бугарските власти“ неизбежно ќе има „непријатни последици“, се додава оттаму.
Бугарските власти на 21 септември го протераа архимандритот Васијан, челникот на Руската православна црква во Софија, со изговор дека претставува „закана за бугарската национална безбедност“.