Emre Gürkan Abay
11 Октомври 2022•Ажурирај: 12 Октомври 2022
МОСКВА (АА) - Со уредба потпишана од рускиот претседател Владимир Путин, Москва ги продолжи своите контрасанкции како одговор на санкциите воведени од Европската Унија, Соединетите Американски Држави и други земји, до крајот на следната година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Поради санкциите на западните земји кон Русија, земјата воведе санкции за одредени прехранбени продукти од 2014 година.
Во согласност со овие санкции, забранет е извозот на одредени видови месо и млечни производи, зеленчук и овошје за западните земји.