Ekipa
13 Септември 2016•Ажурирај: 14 Септември 2016
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за надворешни работи, побара во јавноста да се објави текст за примирјето во Сирија, кое минатата недела по маратонските преговори во Женева беше постигнато од страна на Русија и САД, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денес изјави дека Москва бара договорот за примирјето во Сирија, кое стапи на сила во синоќа, да биде објавен, на кое САД се противи.
„Москва нема што да крие”, изјави Лавров барајќи од Советот за безбедност на ОН, примирјето во Сирија формално да биде одобрено.
Набљудувачите наведуваат дека прекинот на огнот во Сирија денес воглавно се почитува и дека во поголемиот дел од земјата е мирно.