Ekipa
18 Март 2018•Ажурирај: 18 Март 2018
МОСКВА (АА) - Во Русија денеска се одржуваат претседателски избори на кои најголеми шанси за победа има актуелниот претседател Владимир Путин, јавува Аnadolu Agency (AA).
Поради различните временски зони, гласањето на крајниот исток на Русија започна во саботата во 20.00 часот по локално време, а девет часа покасно беа отворени избирачките места и во Москва.
Путин, кој за прв пат беше избран за претседател во 2000 година, на годинешните избори учествува како независен кандидат, а граѓаните ги повика да излезат на гласање, со цел да се земе во предвид мислењето на секој од нив во одредувањето на иднината на земјата.
Рускиот претседател Владимир Путин утрово во Москва ја изврши својата граѓанска должност, а по гласањето изјави дека секој процент на гласови ќе го смета за успех.
„Програмата што ја предложив за државата е вистинска", рече Путин кој за новиот шестгодишен мандат се натпреварува со уште седум други кандидати.
Меѓу другите претседателски кандидати се лидерот на Либерално-демократската партија на Русија (ЛДПР), Владимир Жириновски, бизнисменот Павел Груднин е кандидат на Комунистичката партија, потоа поранешната телевизиска водителка Ксенија Собчал од Граѓанската иницијатива, основачот на Руската либерална партија Јаблоко Григориј Јавлински, претседателот на Партијата за раст и економски правобранител Борис Титов, лидерот на Руската Федерација Сергеј Бабурин и лидерот на Комунистите на Русија, Максим Сурајкин.
Изборите во Русија ги надгледуваат 145.000 набљудувачи, вклучувајќи 1.500 странски набљудувачи, како и претставници на опозициското движење на Алексеј Навални, кому му беше забрането да се кандидира.
Анкетите покажуваат дека Путин е во водство пред останатите кандидати, што со сигурност му гарантира реизбор на чело на државата.
Првите резултати се очекуваат вечерва.