свет

Рохани: „Парите од поскапувањето на горивото ќе ги поделиме на граѓаните со пониски примања“

„Доколку потрошувачката на горивото продолжи на овој начин, во 2021 година би морале повторно да увезуваме бензин...“

Muhammet Kurşun  | 03.12.2019 - Обновена : 04.12.2019
Рохани: „Парите од поскапувањето на горивото ќе ги поделиме на граѓаните со пониски примања“

ТЕХЕРАН (АА) - Претседателот на Иран, Хасан Рохани, изјави дека сите 300 милиони долари, собрани од поскапувањето на бензинот, ќе бидат поделени на граѓаните на Иран со пониски примања, јавува Агенција Анадолија (AA).

Во Техеран е одржана програма по повод 3 декември - Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, а на присутните им се обрати и Рохани, кој зборуваше за последните случувања во Иран и за можните преговори со Соединетите Американски Држави (САД).

Тој истакна дека морале да ја регулираат цената на бензинот за да не мора да го увезуваат поради големиот пораст на потрошувачката.

„Доколку потрошувачката на горивото продолжи на овој начин, во 2021 година би морале повторно да увезуваме бензин. За да бидеме самоодржливи и да ја контролираме потрошувачката на бензинот, спроведовме план за регулирање на квотите и цените“, изјави Рохани.

Тој се осврна и на односите со САД, напоменувајќи дека официјален Вашингтон постојано им праќа пораки и барања за преговори.

„Пораките и барањата за преговори се спротивни на нивните изјави кои ги даваат во јавноста. И Европејците кои се посредници, добро го знаат тоа“, изјави претседателот на Иран.

Економската ситуација во Иран е отежната по американските санкции, а населението, откако е најавено значајното поскапување на горивото, на 15 ноември во многу градови излезе на улиците. За време на демонстрациите е нанесена значајна штета на многу објекти.

„Амнести интернешнал“ (AI) соопшти и дека за време на протестите во Иран загинале најмалку 208 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.