Serkan Eruysal
31 Март 2018•Ажурирај: 01 Април 2018
БУКУРЕШТ (АА) - Наставник по физичко образование кој работи во училиштето на терористичката организација ФЕТО во Букурешт, главниот град на Романија, е приведен поради сексуална злоупотреба на една деветгодишна ученичка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на локалните медиуми на Романија, 40-годишниот наставник вчера бил приведен по жалба на родителите на ученичката.
Родителот на ученичката во изјава за медиумите истакна дека настанот се случил минатата недела, но тој вчера дознал околу тоа и веднаш го пријавил случајот во полиција.
„По завршување на наставата по физичко, наставникот ја внел мојата ќерка во една соба велејќи дека ќе ѝ даде колач. Потоа и ги спуштил панталоните и сексуално ја злоупотребил“, рече родителот.
Мајката на ова девојче случајот го открила кога другите ученици пријавиле до управата на училиштето дека ова девојче се крие зад другите ученици за да не се соочи со наставникот за кој станува збор. Мајката потоа разговарала со управата на училиштето и го пријавила случајот во полиција.