Ekipa
27 Јули 2018•Ажурирај: 28 Јули 2018
ЛОНДОН (АА) - Температурата на воздухот во одделни европски земји овие денови достигна рекордно ниво од дури 39 степени Целзиусови, јавува Anadolu Agency (AA).
Овие денови во Франција се забележани температури и до 39 степени, над 38 степени во В. Британија и Холандија и температури од 37 степени Целзиусови во Белгија.
Топлиот бран што на 24 јули ја зафати француската престолнина Париз, денеска температурата ја искачи до 36. степен, што е рекордно ниво во последните 40 години.
Метеоролошкиот завод во 25 града прогласи портокалов аларм. Во градот Осер е забележана температура од 39 степени Целзиусови.
Во Велика Британија топлотниот бран предизвика температури до 38,5 степени. Претходно, најтоплиот ден е забележан 2003 година, кога се измерени 38 степени. По високите температури, во Британија од вечерва се очекува невреме и бура.
Сончево време и високи температури се забележани и во Белгија. На 26 јули во Брисел се измерени 34 степени, што е најтопол ден по 2006 година. Се очекува дека денеска и утре температурата ќе достигне 37 степени, по што ќе падне за 10 степени.
Најтопол ден во последните 100 години е забележан во Холандија. Температурата во оваа земја достигна 38,2 степени Целзиусови.
Највисоките температури во историјата на Холандија се измерени на 27 јуни 1947 година кога изнесувале 38,4 степени и на 23 август 1944 година кога се измерени 38,6 степени Целзиусови.
Температура од 35 степени забележани се вчера и денеска во Шведска. Во престолнината Стокхолм се измерени 34 степени Целзиусови.