Oktaj Omeragikj
19 Јануари 2025•Ажурирај: 20 Јануари 2025
ГАЗА (АА) - Раселените Палестинци денес почнаа да се враќаат во своите домови во Појасот Газа во Палестина, откако стапи на сила договорот за прекин на огнот и размена на затвореници меѓу Хамас и Израел, известува Анадолу.
Договорот за прекин на огнот и размена на затвореници стапи на сила денес, 19. јануари во 11:15 часот по локално време (10:15 часот по средноевропско време) по неколкучасовно одложување.
Палестинците со враќаат кон своите домови, кои се воглавно уништени во израелските бомбардирања и гранатирања.
Прекинот на огнот требаше да започне во 8:30 часот по локално време (7:30 часот по средноевропско време), но беше одложен откако Израел го обвини Хамас дека го одложува објавувањето на списокот на заробениците Израелци што треба да биде ослободен денес.
Откако Хамас објави дека го доставил списокот со трите заробенички Израелки кои ќе бидат ослободени денес, прекинот на огнот стапи во сила.
Се очекува прекинот на огнот да стави крај на израелската геноцидна војна во Газа, која трае од 7 октомври 2023 година и во која се убиени речиси 47.000 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се над 110.700.