Ekipa
25 Ноември 2019•Ажурирај: 25 Ноември 2019
ИДЛИБ (АА) - Режимот на Башар ал Асад, со поддршка на Русија зазеде стратешко село и рид во Идлиб, во нападите животот го загубија тројца цивили, додека петмина се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во рускиот воздушен напад погодена е болница, која веќе не е во состојба да дава услуги.
Идлиб е изложен на интензивни напади од режимот на Башар ал Асад и нејзиниот поддржувач Русија во последните 24 часа.
Режимските сили од воздух ја нападнаа областа Кефренбил, местото Кеферума и селата Хас, Бсакла, Дејр Сунбул и Хазарин.
Од опсерваторијата на опозицијата соопштија дека руските воени сили спровеле воздушни напади врз подрачјето на Маретинуман, Кенсафра и селата Маритирме, Ум Халахил, Мушејрифе, Брејса, Тавил, Халиб, Маретинисан.
- Единствената болница во регионот не е во можност да дава услуги -
Во рускиот напад врз областа Кенсафра, погодена е Детската и гинеколошката болница „Киван“ и џамија. Во нападите нема повредени и загинати, бидејќи цивилите претходно, поради интензивните воздушни напади биле евакуирани од областа.
Директорот на болницата, Али Хешум, за АА изјави: „Синоќа нашата болница беше изложена на ракетни напади од страна на Русија. Болницата не може да дава услуги. Општата хирургија, урологијата, рендгенските услуги и одделенијата за прва помош, за деца и гинекологија даваа бесплатни услуги. Месечно 6.500 цивили ги користеа услугите на оваа болница.“
Хешум додаде дека досега болницата, која е последна активна болница во регионот, била мета на напади десетици пати.
„Седум минути пред да биде нападната болницата, беше нападнато селото Кефер Вади. Тоа ни даде време да ја евакуираме болницата. Немаше загинати или повредени од медицинскиот персонал и од пациентите. Но во овој момент илјадници цивили од областа на планината Џебел ел Завије, каде што има вкупно 35 села, не може да користат болнички услуги. Оваа болница беше последната болница активна во регионот. Претходно десетици пати беше мета на нападите, но овој пат беше нападната директно.“
Агенција Анадолија (АА) со беспилотно летало ја сними болницата која целосно е разурната.
Тројца цивили го загубија животот во селото Маретинисан, а во селото Брејса пет цивили се повредени.
- Копнени напади -
Од друга страна, 5. Легија наречена „Тигарски сили“, наводно поврзана со режимот на Асад, но предводена од страна на Русија и странската терористичка група „Ерусалимска бригада“ поддржана од Иран, го зазедоа врвот Мушејрифе во истокот на Идлиб.
Ридот е прва линија на одбрана која се протега до Маретинуман, една од поголемите области на Идлиб.
По ридот се случија насилни судири во селото Ум Халахил кој помина во рацете на режимот.
Во текот на ноќта руските сили извршија напади во таа линија.
Од потпишувањето на Договорот меѓу Русија и Турција на 17 септември 2018 година, досега, од нападите на режимот и Русија во деескалациската зона во Идлиб животот го загубија над 1.300 цивили.
Бројот на мигранти што избегаа од местата на кои се спроведуваат интензивни напади кон релативно побезбедни места во близина на границата со Турција за една година надмина 1 милион.